Терци за твојот Korg Pa5X
Терци, сексти и балкански скали на Upper 2 и 3 – како Note Shift на Ketron Event.
Пробај ја бета верзијата (TestFlight)
Поддршка
Свири ја мелодијата со десната рака на Upper 1 – Terca ја свири хармонијата на Upper 2 и Upper 3: терци горе или долу, сексти, октави и скалите на балканската и ориенталната музика. Во ритам, во тоналитет, во живо.
Што прави Terca
40+ пресети : дур, природен / хармониски / мелодиски мол, хиџаз, двојно хармониска, унгарски мол, украински дорски, фригиска, миксолидиска… плус 8 твои.
Upper 2 и Upper 3 , секој со свој пресет и MIDI канал.
Тоналитет или СКЕН АКОРД : акордот на левата рака ги избира тоналитетот и пресетот.
KBD SET : ги учи твоите Keyboard Sets од Pa5X и ја повикува хармонијата со нив.
LIVE приказ за бина и миксер како на Pa5X (јачина, панорама, мјут; KEYS ги движи трите заедно).
VEL и HUMAN : терците потивко или посилно, неколку милисекунди подоцна – никогаш машински.
iPhone и iPad, преку USB (iPhone 15 и понов: еден кабел USB-C на USB-B) или Bluetooth MIDI .
Македонски, српски, германски и англиски; упатство чекор по чекор со фотографии од поставувањето на Pa5X.
© 2026 Nikolche Iloski · Поддршка · Приватност
Terca е независна апликација. Korg, Pa5X и Ketron се заштитени марки на нивните сопственици.